Најчести индикатори за одредување на квалитетот на водите
Bojana Nedeljkovik, Nevenka Velickova, Pale Gorgieva et al. · Goce Delchev University Repository (Goce Delčev University of Štip) · 2014
Водата е природен ресурс, кој е строго ограничен во неговата количина. Истата мора да полежи на постојан мониторинг и одредени стандарди со одредени квалитетни органолептички, физичко-хемиски и микробиолошки особини. Цели на трудот: Основната цел на овој труд е да се прикажат најчестите индикатори за квалитетот на водите кои рутински се одредуваат преку стандардизирани методи и процедури. Материјал и методи: Користени се податоци и извештаи од центарот за јавно здравје од Штип. Објаснети се неколку стандардизирани методи како мерење на волумен, одределување на pH, определување на хлориди, сув остаток и присуство на седименти. Резултати: Прикажани се предности и недостатоци на досегашни и современи методи кои служат за квантификација на одредени индикатори, референтните вредности кои го одредуваат и прикажуваат квалитетот на водите (површински или подземни), направена е споредба и приказ на квалитетот на водите во последните неколку години ви регионот на Штип. Заклучок: Евидентна е потребата од постојан мониторинг и испитување на квалитетот на водите, вклучување на повеќе лаборанти и постоење на современи лаборатории како и преземање на итни мерки за подобрување на квалитетот на водата.
Cited by 0 works.